понеделник, 6 април 2026

Мицкоски до студентите пред денешниот протест: Не дозволувајте да бидете изманипулирани од една партија

Не дозволувајте да бидете алатка во рацете на политичка партија, која сè уште живее во спомените, односно во минатиот век. Ова го изјави македонскиот премиер Христијан Мицкоски по најавата за денешниот протестен марш пред Министерството за правда на студентите кои се незадоволни од спроведувањето на Законот за употреба на јазиците во правосудниот испит, односно неможноста да го полагаат на албански јазик. Премиерот на кандидатите што треба да го полагаат испитот им порача дека ќе биде најдено соодветно решение и за ова прашање.

Објавено на

часот

Сподели

„За жал, овој протест е силно поддржан од една опозициска политичка партија, која повеќе од 20 години не успеа да го реши ова прашање и сега е лицемерно на овој начин да комуницира со јавноста“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека претходната влада го донесе Законот за јазиците, кој, рече, е „предизвикан пред Уставниот суд и е предизвикан токму оној дел што се однесува на правосудството“.

„Знаете дека за тој закон имаме негативно мислење од Венециската комисија, која вели дека треба да се напушти двојазичноста во правосудството бидејќи има предизвици што најчесто се поврзани со владеењето на правото. Имајќи го сето ова предвид, ние како Влада формиравме група од уставни експерти, кои работат на решение кое ќе биде и уставно, но исто така и во согласност со меѓународните стандарди. Така што, јас ги уверувам студентите дека онака како што се најдоа решенија за многу предизвици и за многу пропусти од минатото, така и за ова ќе се изнајде соодветно решение. Јас мислам дека тие тоа веќе го знаат и мојот апел е да не дозволат да бидат алатка во рацете на политичка партија, која сè уште живее во спомените, односно во минатиот век“, рече Мицкоски. 

Протестот е организиран поради неможноста за полагање на правосудниот испит на албански јазик, што демонстрантите го сметаат за неспроведување на Законот за употреба на јазиците. Група грашани за денека во 12,30 часот најавија протетен марѓод страна на група граѓани ќе се организира протестен марш од проштадот „Карпошево востание“ до Министерството за правда.

Од Венецијанката комисија добиено е негативно мислење за двојазичноста во правосудството затоа што се смета дека тоа може да предизвика проблеми со владеењето на правото. Дел од Законот за јазиците кој се однесува на правосудството во моментов е оспорен пред Уставниот суд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ