четврток, 26 февруари 2026

Мицкоски до Филипче: За ЕУ нема да водиме мекотелна политика

За ЕУ ние нема да водиме мекотелна политика, рече премиерот Христијан Мицкоски во одговор на пратеничко прашање од лидерот на СДСМ и пратеник, Венко Филипче, на денешната собраниска седница.

Објавено на

часот

Сподели

Мицкоски му порача на Филипче дека е мекото ткиво на македонскиот национален идентитет.

„Нема да водиме мекотелна политика. Вие сте мекото ткиво и сè додека давате вакви изјави, ќе имаме политичари од Бугарија што ќе знаат дека има меко ткиво во македонскиот национален идентитет и ќе се обидуваат секогаш да играат на картата на помал отпор. Не можете ништо со тоа да постигнете. Ќе останете запаметен во историјата како човекот што бил мекото ткиво од партијата што била мекото ткиво на македонскиот национален идентитет. Не ви го советувам тоа. Знаете што значи да останете запаметен во историјата, од Охрид сте, знаете кој и како ги предавал моштите“, рече Мицкоски.

Претходно, Филипче кажа дека Македонија нема да направи чекор напред кон европската интеграција.

МИА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ