понеделник, 8 декември 2025
Локални избори 2025

Мицкоски: Да завршиме побрзо со локалните избори, па да ги решаваме работите во Град Скопје

Граѓаните да излезат масовно на локалните избори, за да влеземе што поскоро во Град Скопје и да ги решаваме работите, порача денеска премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по средбата со претставници на Стопанска комора на северозападна Македонија, во рамки на изборната кампања.

Објавено на

часот

Сподели

„Да влеземе прво во Град Скопје. Од оние информации што ги имаме добиено, а се аларматни, таму има многу работи што треба да се решат, пред сè, должничко-доверителни односи. Затоа ги замолувам граѓаните да излезат масовно на 19 октомври, Орце Ѓоргиевски да биде идниот градоначалник и да можеме што поскоро да влеземе во администрацијата и да ги надминеме сите предизвици со кои ќе се соочиме“, рече Мицкоски, на новинарко прашање.

Според Мицкоски, кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ во Скопскиот регион на денешената средба во Стопанска комора на северозападна Македонија имале искрена и плодна дебата која се темелела на реални и конкретни примери кои треба да се завршат.

Тој најави дека приоритет ќе биде завршување на патната клучка кај Момин Поток и патот кон индустриската зона.

„Со право реагираат стопанствениците во овој дел на градот Скопје, бидејќи гледате во каква состојба е пристапот во оваа зона. Сè уште клучката до Момин поток е до никаде, а учеството на оваа зона во БДП е значително. Тоа ќе ни биде еден од врвните приротети, завршување на клучката и реконструкција на патот до зоната. Исто така, во текот на овој месец очекуваме конечно да се заврши сагата за автопатот Скопје-Блаце и конечно очекуваме да добиеме понуда во рамките на планираните средства што се за таа намена“, изјави Мицкоски.

Премиерот ги запознал претставниците на комората со макроеркономската состојба и што е испорачано од разговараното пред изборите во минатата година, како и очекувањата за наредниот период.

Нихи Алиу, в.д. претседател на Стопанска комора на северозападна Македонија посочи дека ги презентирале нивните проблеми и предлози, како и платформата на комората. Тој рече дека видел сериозност во пристапот на тимот на Мицкоски од 15-те присутни кандидати за градоначалници на средбата, а напомена и дека голем дел од нивните укажувања во претходниот период станале дел од изборната програма на партијата.

„Имаше разни предлози, но имаше и одговор за решение на нашите предлози од кандидатите за градоначалници, меѓу кои и кандидатот за Скопје. Се вклучуваше и премиерот кој ни даде многу детални информации за макроекономската состојба. Како Стопанска комора сме многу задоволни од начинот како оваа екипа ги гледа проблемите и како сака да ги реши со конкретни одговори“, изјави Алиу.

Тој оцени дека главните проблеми се во однос на комуналните и јавните претпријатија во рамки на Град Скопје, кои истакна, не функционираат како што треба.

„Исто така и за индустриската зона Визбегово, каде патот е за никаде – за една индустриска зона со сто милиони обрт годишно, над 8 илјади вработени, која учествува во БДП со 7,5 проценти. Оваа зона заслужува да има подобар пат и од кандидатот за градоначалник добивме уверување дека тоа ќе биде приоритет“, рече Алиу.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ