„Во време на економски и социјални предизивици, кога граѓаните бараат сигурност и надеж, медиумите се тие кои можат да пренесат визија, објаснат реформи и поттикнат јавна дебата. Нашата држава цврсто стои на ставот дека нема демократско општество без слободни медиуми. Слободата на говор е темелна вредност и ние сме решени да ја унапредуваме и гарантираме простор каде секој новинар може слободно да праша, истражува и објави без притисок и страв. Вистината мора да биде поважна од секоја политичка или економска моќ“, нагласи Мицкоски.
Но, во ерата на дигитализација и социјални мрежи, нагласи премиерот, дезинформациите се како вирус, брзо се шират, создаваат недоверба и можат да ја поткопаат довербата.
„Нашата Влада поттикнува и охрабрува дебата, да бидеме пример со цел да ги оспособиме младите генерации критички да ги препознаваат и анализираат изворите на информациите“, порача Мицкоски.
Балканот и ЈИЕ, како што посочи, долго време беа симбол на поделби и конфликти, но денеска имаме нова задача да бидеме симбол на соработка и просперитет, а медиумите можат да бидат мостови меѓу нашите земји… 
„Сакам да потсетам на иницијативата за регионална размена на вести, меѓу новинските агенции што веќе дава резултати. Кога нашите граѓани ќе читаат позитивни вести од соседството, тогаш предрасудите се рушат, а пријателствата се градат“, порача Мицкоски.
Дезинформациите и неоснованите критики, нагласи, се најголем предизвик денеска за медиумската сцена и самата демократија.
„Разликата меѓу конструктивна критика и дезинформација е исто толку голема колку и демократија и манипулација. Нашата Влада нема да замолчува критики, но нема да дозволи лагата да се претвори во норма. Затоа вложуваме во медиумска писменост и поттикнуваме професионални медиуми. Владата е црвсто определена да биде партнер на медиумите. Работиме цврсто на подобрување на условите и професионализаијца и поттикнување на регионалната соработка“, рече Мицкоски.
Пред отворањето на Генералното собрание, се одржа конференција на тема „Утврдување на вистината во новинарството“, што ја отвори генералниот директор на МИА, Дарко Јаневски.

„Темата за вистината во новинарството. Проблем и задача кои постојат од самите почетоци на оваа наша професија, за некого убава, за некого проклето тешка и напорна работа, но која дава извонредно задоволство кога на крај ќе имате успешен резултат. Затоа, задача на современото новинарство не е само да информира, туку и да ја открие вистината. Да ја разобличи лагата и сето тоа да му го понуди на граѓанинот. Да ја подигне неговата свест, да го подобри неговиот живот. Tреба да се заложиме за малку повеќе. Да бидеме похрабри. Да, тоа носи ризик и од грешка, но зарем постои професија во која не постои ризик од грешкa“, порача Јаневски.






