петок, 27 февруари 2026

Мицкоски – Брунер: Продлабочување на партнерството, јакнење на институционалниот дијалог меѓу Македонија и ЕК

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил средба со еврокомесарот за внатрешни работи и миграција, Магнус Брунер на која, како што информираат, било разговарано за унапредување на билатералната соработка, економските перспективи и заедничките предизвици со кои се соочува регионот и Европа.

Објавено на

часот

Сподели

Средбата, како што објави Мицкоски на Фејсбук, поминала во конструктивна и пријателска атмосфера, при што ја потврдиле заедничката заложба за продлабочување на партнерството, јакнење на институционалниот дијалог и поттикнување на стабилноста и просперитетот.

„Остануваме посветени на градење силни и одржливи односи, засновани на меѓусебна доверба, почит и споделени европски вредности“, напиша Мицкоски.

На средбата во Владата, присуствувале и евроамбасадорот Михалис Рокас, како и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ