петок, 5 декември 2025

Мицкоски: Билатералните спорови не треба да ја нарушуваат оценката за реформите

Доволно долго сме во овој процес повеќе од 25 години, 20 години откако сме земја кандидат. И навистина тоа што ние го доживеавме попатно не би сакал никој друг да го доживее. Но, очигледно е дека кога еднаш ќе воспоставите некој исклучок, тоа станува правило и понатаму и другите земји членки можат да се повикаат на тој исклучок што претходно е воспоставен и да прерасне како правило, изјави денеска македонскиот премиер Христијан Мицкоски на самитот на лидери „Нашиот пат кон ЕУ“ во Тирана.

Објавено на

часот

Сподели

„Навистина не гледам повеќе суштина ако билатералните проблеми и билатералните спорови се тие кои што одлучуваат дали земјите треба да станат полноправни членки во рамките на ЕУ. За мене суштината која што ја гледам е испораката, реформите, чекорите што ги исполнуваат. И сѐ додека тоа е врз системот на испорака, тогаш апсолутно ние како држава ќе бидеме компетитивни и убеден сум дека ние ќе бидеме тие кои први ќе стигнат до конечната цел“.
На прашањето дали има некакво омекнување од Брисел во тој дел, Мицкоски одговори дека Владата ега е концентрирана чекорите кои се дел од развојната агенда, односно развојниот план.

„Оние чекори кои што останаа во грејс период, а кои што претходно не беа испорачани поради паузата за локалните избори, ние веднаш по завршувањето на локалните избори се фативме за работа и до крајот на годината очекувам најмалку 8, а можеби и 10 од 12 неисполнети чекори, да бидат реализирани. Остануваат два проблематични. Првиот е субвенцијата за електричната енергија што Владата преку своите механизми ја овозможува за граѓаните, бидејќи цениме дека доколку тоа не се случи, сметките за електрична енергија на граѓаните ќе поскапат за најмалку 35, 40 проценти. И тој чекор рековме не можеме да го исполниме и нема да го исполниме во овој момент. И вториот е адаптацијата на Изборниот законик. Знаете таму какви политички гимнастики се случуваат во парламентот и тој е еден од оние закони во кои што пратениците можат да прават филибастеринг во рамките на парламентот. Така што сѐ останато, останатите 10 за нас се реалност и мислам дека ќе успееме во рамките на крајот на оваа година или евентуално во првите 2 недели од следната година да го испорачаме тоа“, рече Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ