понеделник, 8 декември 2025

Мицкоски бара одговорност за секој потрошен денар во правосудството

До крајот на годината ќе бидат донесени реформските закони поврзани со правосудството односно со судиите и обвинителите и за јавно обвинителска и судска служба, изјави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Тоја уште кажа денеска бидејќи со нив се бара финансиска независност на правосудството, се анализира како тоа е решено во други земји во Европа, но нагласува оти ќе се бара отчетност за секоја потрошена пара преку Државниот завод за ревизија и надлежната собраниска комисија.

Објавено на

часот

Сподели

Мицкоски кажа дека вчера имал состанок со министрите за надворешни работи и трговија, за европски прашања и за финансии и оти се анализираат неколку модели во рамките на Европската унија. Не можеме, потенцираше тој, ние да бараме 0,8 проценти, а во многу поразвиени земји е 0,2, 0,3 или 0,4 проценти.

„Анализираме неколку модели од Европа колкав е тој процент од Буџетот и дали се однесува на приходната страна, на вкупните приходи или на БДП. Но, треба да знаат дека во тој момент одговараат за секој денар пари потрошени до вас граѓаните. Од хигиенски препарати па се до реконструкција на институциите. Ќе го добијат тоа. Јавно кажувам дека ќе го добијат тоа откако ќе ја направиме деталната анализа во современите земји. Сами нека вработуваат, сами нека се грижат за сите оперативни трошоци, сами нека си дават плата во рамки на Буџетот кој што ќе биде процент онаков каков што е во неколку примери кој што ги дефиниравме“, рече Мицкоски.

Ќе барам, потенцираше тој, само една работа. одговорност.

„Еве ние тоа како Влада тоа ќе го направиме. Само една работа, ќе бараме одговорност за потрошениот денар народни пари преку Државниот завод за ревизија и собраниската комисија која што врши надзор над работењето. Тоа се народни пари. Тоа не се нивни пари. Како што мене ме контролираат, така и нив ќе ги контролираат“, рече Мицкоски.

Премиерот нагласи дека ако останеме на едноцифрена поддршка за судиите и обвинителите, ние ништо не сме направиле.

„Јас како претседател на Владата сум прв тоа да го добијат. Да видиме тогаш што ќе пречи. Очекува исто така да излезат од Брисел и да кажат исто така браво и да ни кажат дека сме одлични. Петка дека сме добиле. Затоа што нели тоа беше проблемот. Немало реформи еве ќе ги донесеме до нова година. Ајде да видиме дали е тоа пречката или е нешто друго“, рече Мицкоски.

Тој не го коментираше писмото на членовите на Судски совет, Врховен суд и Здружение на судиите, потенцирајќи дека остава граѓаните да кажат дали се задоволни од испораката на правдата во Македонија.

„Јас нема да давам одговор на таков тип дописи. Оставам јавноста да каже. Еве граѓаните нека кажат дали се тие задоволни од испораката на правда во Македонија, рече Мицкоски. Ќе се држам до она што го кажав претходно. Ќе гледаме секој денар каде го трошат. Да не се случи после дел од нив да се најдат на обвинителна клупа како обвинети“, рече премиерот Христијан Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ