„Работите се изведуваат согласно современи стандарди за урбано уредување и долготрајност на патната конструкција. Зафатите опфаќаат темелна реконструкција на коловозната површина, замена на тампонскиот слој и изградба на нова асфалтна конструкција во два слоја, како и реконструкција на тротоарите од двете страни на улицата со нови павер елементи. Паралелно се врши нивелирање и зајакнување на шахтите од фекалната и атмосферската канализација, со што се обезбедува стабилност и сигурност на целата сообраќајница“, потенцира во објавата.

Со инвестиција во вредност од 51.891.337 денари, проектот значително придонесува за подобрување на сообраќајниот проток, урбаното уредување и секојдневната мобилност на граѓаните, објави Мицкоски.






