недела, 14 декември 2025

Мицевски: ДУИ си тера политика, не им е грижа за независните кандидати

На денешната седница на Собранието, координаторот на пратеничката група Никола Мицевски, говореше за предлогот да 0,95% од вкупниот број на запишани избирачи во изборната единица, бидат потребни за собирање на потписи. Во меѓувреме на собраниската Комисијата за политички систем, прифатен беше и предлогот за 0,5% за собирање на потписи. Меѓутоа, ДУИ и за овој предлог бил против, се вели со соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

Пратеникот истакна дека на ДУИ не им е грижа за независните кандидати, туку си тераат своја политика која не е ни тема на денешната седница.

„Вас целта ви е друга, да се претставите пред вашите гласачи дека некој прави нешто против вас, а суштината е многу едноставна. Независните кандидатури за градоначалници и советнички листи да може да учествуваат на локалните избори, но вие го укинувате тоа”, посочи Мицевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ