петок, 3 април 2026

МФ: Во првите 3 месеци стабилна реализација на буџетот

Во првите три месеци од 2026 година, Буџетот бележи стабилна реализација и раст на приходната страна, што укажува подобрена наплата. Вкупните приходи во Буџетот достигнаа 81,2 милијарди денари, што претставува раст од 5,7% во однос на истиот период во 2025 година. Вкупните приходи од даноци се зголемени за 4,7%, при што највисок пораст се забележува кај данокот на добивка од 23,6% и данокот на личен доход од 12,3%.

Објавено на

часот

Сподели

Повратот на ДДВ е зголемен за 17,3%, или вкупно кон стопанството се вратени 12 милјарди денари. Воедно, приходите од увозни давачки се повисоки за 9,1%. Раст е забележан и кај неданочните приходи од 16,4% во првиот квартал од 2026 година споредено со истиот период минатата година.

На расходната страна, вкупните расходи изнесуваат 106,3 милјарди денари, што претставува раст од 18,4% споредено со првиот квартал минатата година. Особено значаен е растот на капиталните расходи, кои во првиот квартал достигнаа 8,3 милијарди денари, што е зголемување од 196,5% во однос на истиот период лани, што укажува на засилена динамика на реализација на капиталните инвестиции, соопшти Министерството за финансии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ