петок, 19 декември 2025

МЕРМС раскина 45 концесии за експлоатација на ресурси

Над 45 концесии се раскинати од кои 34 еднострано, а за 11 – договорите се истечени и не се продолжени, информира министерката за енергетика Сања Божиновска.

Објавено на

часот

Сподели

На денешниот брифинг со новинарите, Божиновска рече дека причините за ова се непочитување на законските одредби и на еколошки мерки, неплаќање концесиски надоместоци, пренесување концесија без согласност и експлоатација надвор од дозволениот предел.

Според министерката, сите концесии ќе бидат јавно објавени.

„Од јануари до 1 октомври годинава се спроведени 170 вонредни и 78 редовни инспекциски надзори“, потенцира Божиновска и најави многу построги критериуми во однос на издавањето и контролата на концесиите.

Во Државниот инспекторат за енергетика и рударство моментно работат околу 14 инспектори, но недостигаат минимум уште толку.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ