Шестмината полицајци денеска попладнево беа спроведени и се произнесоа во судот во однос на предлогот на јавниот обвинител, по што Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука да го прифати предлогот на ОЈО ГОКК и им одреди мерки за претпазливост. Седмиот осомничен полицаец засега е недостапен додека останатите тројца осомничени се обезбедени со претходната постапка.
„Мерките се – одземање патна испара, забрана за напуштање живеалиште, јавување во суд, забрана за контакти со останати обвинети/осомничени и забрана за преземање одредени работни активности“, се наведува во соопштението на скопскиот Кривичен суд.
Обвинителството денеска отвори истрага против десет полицајци за пожарот во Кочани.
„Во конкретниот случај постои основано сомнение дека осомничените во временскиот период од 7 декември 2012 година до 21 јануари 2022 година, како соизвршители, сториле кривично дело тешки дела против општата сигурност“, велат од Републичкото јавно обвинителство.
Во пожарот во кабарето Пулс во Кочани кој се случи на 16 март 2025 година во кој починаа 61 лице, а околу 200 беа повредени.