Алијансата за Албанците денеска соопшти дека генералниот директор на МЕПСО, Бурим Латифи,цна 27 август потпишал договор за соработка со српската компанија „ИМП-Телекомуникаци ДОО Белград“, со предмет на договорот – набавка на уреди за телеконтрола на 400 kV далекуводот Скопје–Врање.
Според АА, ова претставува стратешки и политички ризик, претворајќи го едноставниот комерцијален договор во инструмент за проширување на влијанието на „српскиот свет“ врз енергетскиот систем на Македонија – земја членка на НАТО и дел од евроатлантската безбедносна архитектура.
„Како е можно компанија со седиште во Белград, во услови на зголемени геополитички тензии, да биде избрана за проект поврзан со критичната енергетска инфраструктура на земја членка на НАТО? Дали првиот вицепремиер Изет Меџити официјално или неформално влијаел врз овој процес за да го поддржи својот роднина? Дали овој договор претставува прв сигнал за пенетрација на „српскиот свет“ во стратешките мрежи на Северна Македонија, преку поединци поврзани со коалицијата Вреди“, соопшти АА.






