„Во центарот на разговорот беше стратешкиот проект за изградба на нова интерконективна линија од 400 кВ Тетово – Призрен, со кој ќе се создаде силна енергетска врска помеѓу Северна Македонија и Косово“, наведуваат од МЕПСО.
Проектот е дел од регионалниот план за развој на мрежата, усогласен со европската платформа ЕНТСО-Е.
Од МЕПСО велат дека клучни придобивки од проектот се: зголемување на капацитетите за пренос на електрична енергија меѓу двете земји, подобрување на стабилноста и сигурноста на снабдувањето, поголема ефикасност во трговијата со енергија во регионот и поддршка за интеграција на обновливи извори и зелена транзиција.
„Двете страни се согласија да ја интензивираат техничката и институционалната соработка за реализација на проектот од заеднички и регионален интерес“, пишува во соопштението од МЕПСО.