вторник, 9 декември 2025
Локални избори 2025

Мемов: ЗНАМ станува значаен политички фактор и на локално ниво

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија е застапено во повеќе од 45 совети на општините. Од советниците на ЗНАМ ќе зависи мнозинството во тие совети. Ова е потврда дека партијата станува релевантен политички фактор и на локално ниво, изјави вечерва Никола Мемов, портпарол на ЗНАМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Поддршката и на овие избори е огромен потенцијал за партијата и за наредните парламентарни избори. Поддршката на независните кандидати во неколку општини ја покажува демократичноста на нашето општество“, рече Мемов.

Мирослав Лабудовиќ, кандидатот на ЗНАМ за градоначалник на Општина Центар не успеа да го победи противкандидатот Горан Герасимовски, а Максим Димитриевски веројатно повторно ќе остане градоначалник на Куманово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ