понеделник, 29 декември 2025

Мемов: Најголемата депонија во Центар е неспособната локална власт на СДСМ

СДСМ, како цела држава, така и во Центар е во тотален распад на идеи, резултати, но очигледно и на нерви. Наместо да одговорат зошто четири години ништо не сработија, зошто премолчуваат на дивоградби кои никнуваат пред нивните очи, тие повторно се вплеткуваат во лаги, спинови и соопштенија напишани во нивните мувлосани партиски канцеларии, далеку од реалноста, рече денеска на прес конференција портпаролот на Движењето ЗНАМ, Никола Мемов.

Објавено на

часот

Сподели

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија не е против чистење -туку против незаконски акции, злоупотреби и предизборен маркетинг на сметка на граѓаните, рече Мемов на денешната прес конференција.

„СДСМ тврди дека проектот во Крњево се спроведува според важечкиот детален урбанистички план – ДУП. Ако истиот не е усогласен со актуелниот генерален урбанистички план – ГУП, тој не може да се применува.  Ако овој простор е предвиден за сообраќајница според ГУП-от, а не за урбано зеленило, како тоа Општина Центар реализира проект според важечки ДУП кој не е усогласен со ГУП на Градот Скопје Оттука , прашуваме, како може Општина Центар предводена од СДСМ да не ги почитува овие одредби од законот и на простор кој според детален урбанистички план и генерален урбанистички план е предвиден за примарна сообраќајница, да тврди дека има проект кој е предвиден според важечкиот ДУП за уредување на просторот со зеленило, урбана опрема и игралиште?“, рече Мемов.

Тој обвини дека главна особина на владеењето на СДСМ е нивната неспособност.

„Господа од СДСМ, и сами да се тркате, ќе завршите на второ место. Ете, до толку сте неспособни! И наместо да чистат депонии на пет дена пред избори, ги облекоа работниците во нови униформи, СДСМ треба да се исчисти сам од лагите, манипулациите и неуспесите што четири години ги затрупуваат граѓаните на Центар. На 19 октомври, граѓаните ќе направат вистинско чистење – ќе го исчистат Центар од неспособноста на градоначалникот и локалната власт што мисли дека законот е нивна сопственост“, рече Мемов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ