„Теута Ахмеди-Пурелку, Фадил Емини и Ајхан Сулковски се тројцата советници на Вреди во Општина Кичево од вкупно 19. Првите двајца се декларирани како Албанци, додека третиот – понекогаш како Турчин, понекогаш како муслимански Македонец и почесто како Торбеш. И, коалицијата ВМРО-Вреди го предлага третиот, Сулковски за претседател на Советот. Осум советници на ВМРО, три на Вреди и еден од СДСМ гласаат за Сулковски. Нека верата оди докрај!“, напиша Мемедалија на својот фејсбук профил.
При тоа, главниот уредник на Коха не објаснува зошто е проблематичен изборот на Сулковски за претседавач на општинскиот совет на Кичево и на што точно мисли кога вели „нека довербата оди докрај“. Дополнително, Мемедалија не дава податоци кога и за каква цел Сулковски понекогаш, како што вели тој, „се прогласува како Турчин, понекогаш како македонски муслиман, а почесто како Торбеш.
Ведат Мемедалија е главен уредник на весникот Коха кој важи за близок до ДУИ.
На локалните избори што се одржаа на 19 октомври ВМРО-ДПМНЕ во Кичево освои осум советнички места, ДУИ пет, коалицијата Вреди освои тројца советници, СДСМ еден. Советничката листа е заокружена со изборот на двајца независни советници.






