петок, 26 декември 2025

Meѓусебни тужби меѓу Општина Тетово и издавачка куќа од Албанија

Бујар Худхри, сопственикот на издавачката куќа „Онуфри“ од Албанија денеска пред Основен суд Тетово во изјава за медиумите информираше дека поднел тужба до Општина Тетово и градоначалникот Биљал Касами за прекршени авторски права.

 

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите на медиумите, Худри видел на социјалните мрежи објава од Касами како подарува книги од писателот Исмаил Кадаре, за што тврди дека сам тој ги има авторските права за печатење. Худри во изјавата тврди дека oпштината купила книги од издавачка куќа која нема права за објавување на книгите на Исмаил Кадаре.

Општина Тетово на својот Фејбук профил информираше дека како институција, како и градоначалникот Билал Касами, немаат купено никакви лектира, ниту, пак, сториле какво било кршење на авторските права, како што се тврди од издавачката куќа „Онуфри“.

„Лектирите се купени од општинските средни училишта, кои со сопствени средства ја реализирале оваа набавка од издавачката куќа „Чабеј“. Општина Тетово, исто така, ја информира јавноста дека издавачката куќа која ги снабдила училиштата со лектирите, понудила најниска цена и Општината нема никакво влијание или вмешаност во оваа постапка. Училиштата се снабдени со овие лектири преку буџетска ставка предвидена за училишен материјал“, се вели во информацијата на Општина Тетово.

Во однос на авторските права, Општината Тетово смета дека не сносат никаква одговорност, а доколку постои некаква одговорност, истата, според нив, треба да ја сноси издавачката куќа која го извршила снабдувањето.

„Следната клевета продолжува, каде што г. Худхри тврди дека градоначалникот Касами продавал книги. Не е продадена ниту една книга. Градоначалникот само ги посетил средните училишта за да се информира како се одвива процесот на снабдување на библиотеките со лектирите“, соопшти општина Тетово.

Во соопштението се вели дека доколку Бујар Худри не упати јавно извинување, ќе поднесат тужба за клевета.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ