За првиот квартал од 2026 година скопскиот аеродром нуди 316.528 повеќе седишта споредено со истиот квартал од 2025 година, што го прави апсолутен лидер во регионот. Зад Меѓународниот аеродром Скопје е аеродромот со Белград со 267.000 повеќе седишта или 100.000 помалку од Скопје, а далеку зад скопскиот аеродром е аеродромот во Загреб со само 68.000 повеќе понудени седишта во првиот квартал во 2026 година.
Ова е уште еден показател на одличните политики на Владата кои преку Министерството за транспорт се реализираат во насока на силен развој на авиосообраќајот во земјата.
За една година се воведоа 21 нова дестинација од скопскиот и од охридскиот аеродром, што говори за посветеноста за развој на цивилниот авиосообраќај, кој пак директно влијае врз туризмот и економијата во целина.
Пред само два дена беше одбележан тримилионитиот патник на скопскиот аеродром.
„Знаете дека по изборот на новата Влада се потрудивме да помогнеме во привлекување на нови дестинации. Од некаде септември минатата година до овој момент, за година и неколку месеци имаме 21 нова дестинација до скопскиот и охридскиот аеродром, што многу говори за нашата посветеност. Тоа се најмногу нови дестинации што било која државата ги реализирала. Не случајни се бројките, не случајно скопскиот аеродром ќе заврши со над 3 милиони и 200.000 патници, не случајно охридскиот аеродром ќе оди со над 300.000 патници или не случајно вкупната бројка ќе биде над 3,5 милиони патници. А тука е растот, оваа година имаме континуиран раст. Ако во март имаме раст од 6 % раст, април 9 %, мај 8 %, јуни 12 %, јули 7 %, август 9 %, септември 8 %, октомври 12 %, веќе во ноември имаме 25 % раст споредено со минатата година што значи за една четвртина е зголемен бројот на патници што патуваат на македонските аеродроми. Се надевам дека вгодина, ако не 4 милиони, барем 3, 5 милиони патници да прославиме тука од скопскиот аеродром“, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.







