среда, 4 март 2026

Меџити: За една-две недели Вреди ќе биде една партија

По две недели, малку ќе биде или воопшто нема да биде важно кој од каде дошол, бидејќи сите ние ќе бидеме Вреди, изјави градоначалникот на Чаир и лидер на Демократското движење, Изет Меџити. 

Објавено на

часот

Сподели

Одговарајќи на новинарски прашања по увидот на поставување камен-темелник на базен во ОУ „7 Mарт“, Меџити во однос на Алијансата за Албанците вели дека тоа е внатрешно прашање на Алијансата, посочувајќи дека и двете крила на Алијансата донеле иста одлука – да бидат во Вреди, но дека најбитно е што се при финализирање на проектот Вреди.

„Многу побитно е тоа како ќе функционира и како ќе биде Вреди – тоа е иднината, а Алијансата за Албанците, Демократското движење, Алтернативата, се краткорочни. Мислам, веќе се работи за една-две недели“, изјави Меџити.

Во однос на моделот на функционирање за кој сè уште се преговара, Меџити посочи дека се зборува за моделот со ротација, со копретседателство, како и други модели, еден член – еден глас, да се оди од базата, еден претседател.

„Значи, за ова разговараме и преговараме. Но, убеден сум дека деновиве ќе го избереме најдоброто бидејќи, пред сè, Вреди ни е како концепт, па потоа индивидуалци или имиња“, изјави Меџити.

Меџити нагласи дека интензивно се разговара за тоа, дека има повеќе модели и оти деновиве треба да се одлучи за кој модел.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ