понеделник, 15 декември 2025

Меџити во Чаир, Касами во Тетово, Лимани во Кичево…, Вреди ги утврди кандидатите за градоначалници

Коалицијата на Вреди го финализираше договорот за распределба на кандидатурите за локалните избори што ќе се одржат во октомври годинава, пишува денеска ИНА.

Објавено на

часот

Сподели

Според порталот, договорот е постигнат по клучната средба што се одржала синоќа меѓу лидерите на партиите членки на коалицијата за неколку од клучните општини со мнозинско албанско население во земјата.

Според договорот кандидати за градоначалници од коалицијата Вреди ќе бидат, во Чаир – Изет Меџити, во Тетово – Билал Касами, во Кичево – Фатмир Лимани, во Гостивар – Фадил Цана, во Сарај – Мухамед Елмази, во Дебар – Фисник Мела, во Боговиње – Фети Абази, во Теарце – Даут Мемиши, во Желино – Блерим Сејдиу, во Брвеница – Хаќим Рамадани, во Студеничани – Афет Јашари, во Липково – Неџмедин Садику, во Врапчиште – Хамит Шабани и во Арачиново – се очекува одлука меѓу двајца кандидати

Кандидатите за градоначалници се очекува формално да бидат потврдени и официјализирани од раководството на коалицијата Вреди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ