недела, 6 април 2025

Меџити: Во Битола сега има околу 50 диви депонии

Локацијата во Битола сега има околу 50 диви дипонии, а проектот предвидува нова локација во рамки на директивите на ЕУ, во близина на РЕК Битола. Средствата се добиени и нема негативни ефекти врз животната средина, изјави вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Одговарајќи на прашање од пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ, Меџити рече дека идејата е за пристап до оваа депонија да се изгради нов пат, што нема да минува низ Битола.

„Ова е прва фаза, и треба сите да собереме сили и средства да влеземе во втора и трета фаза, што значи и рециклирање. Нема ништо да се направи што не е во интерес на граѓаните“, порача Меџити.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ