Првиот вицепремиер смета дека Азир Алиу е најдобар предлог за министер за здравство, како и дека новиот директор на Центарот за управување со кризи од Вреди може да го надмине темпото на работа на досегашниот Стојанчер Ангелов.
„Деновиве се комплетира листата и со членови на Владата и со заменици и со други позиции. Се работи на тоа, деновиве предлозите ќе бидат доставени. Во однос на Алиу, мислам дека е најдобар предлог за таа позиција. Министер треба да биде добар менаџер кој го познава системот и кој може да придонесе за подобрување на ресорот. Алиу мислам дека е најдобар предлог за таа позиција“, нагласи Меџити по промоцијата на проектот Avant2Go – модерен систем за целосно електрично споделено возење.
Меџити информира и дека вчера 10 членови од Алијанса за Албанците на чело со Арбен Фетаи се вклучиле во претседателството на Вреди.
На синоќешниот состанок на партиското централно претседателство избран е Аднан Азизи за шеф на штабот, тој елаборирал за формираниот тим и за отворањето штабови во сите градови каде Вреди претендира за локалните избори.