Како што се наведува во соопштението на општина Чаир, на средбата била нагласена важноста на соработката и континуираната поддршка што САД ја даваат на демократските процеси, владеењето на правото и севкупниот развој на земјата.

„Соединетите Американски Држави остануваат стратешки партнер и важен сојузник за Северна Македонија. Нивната поддршка е од големо значење за зајакнување на демократските институции, развојот на земјата и зачувувањето на стабилноста во регионот“, истакнал Меџити.
На средбата била реафирмирана важноста на партнерството и континуираната соработка со САД како клучен фактор за унапредување на демократските процеси и институционалниот развој на земјата.






