“Ова се инвестиции за достоинството на граѓаните и одговорноста кон природата. За првпат инвестираме на толку широк фронт, во сите делови на државата. Граѓаните мора да чувствуваат дека институциите работат за нив и дека промената е видлива, а иднината е вредна“, изјави првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.
Со овие средства ќе се изградат или реконструираат: пречистителни станици, фекални и атмосферски канализациони мрежи, водоводи и резервоари, SCADA и ГИС – системи за следење и управување, системи за одведување отпадни води и урбана опрема за управување со отпад.
Ова е досега најобемната поддршка што министерството ја реализирало преку капитални дотации до општините, со цел да се подобрат условите за живот, да се спречат поплави, загадување и да се овозможи одржливо планирање во урбаните и руралните средини.






