„Нема да има реконструкција, но ќе има главно пополнување на местата. Тие се финализираат. Она што е познато е дека Беким Сали ќе биде прв вицепремиер и треба деновиве да се дефинира кој друг ресор ќе го покрива. А министер за екологија ќе биде Мухамед Хоџа“, рече Меџити.
Прашан дали министерот за здравство Азир Алиу ќе го замени Башким Бакиу, Меџити нагласи дека за сите детали околу евентуални смени на министри на одредени ресори ќе информираат.
Меџити соопшти дека Вреди ќе ги бара гласовите на граѓаните на општините Гостивар и Врапчиште на локалните избори закажани на 11 јанари наредната година, со нови кандидати за градоначалници.






