Меџити истакна дека образованието е клучот на иднината и дека секое дете во Чаир заслужува достоинствени услови за учење и напредок кон успехот. Новиот проект ќе создаде простор за околу 1.300 ученици, во објект со површина од 4.700 квадратни метри, составен од 54 училници, 8 кабинети и 2 современи лаборатории.

„Ова училиште ќе функционира само во една смена и ќе се претвори во вистински простор за развој и гордост на Чаир“, изјави Меџити.

Меџити најави и изградба на нов објект на училиштето „Иднина“, нагласувајќи дека овие инвестиции ќе го зголемат бројот на модерни училишта во Чаир на вкупно 11. Ова ќе создаде еднакви и достоинствени услови за секој ученик, отворајќи го патот кон конечната цел, настава само во една смена и целодневна настава во сите училишта на општината.
„Како иден градоначалник на Чаир, се обврзувам дека образованието и нашите деца секогаш ќе бидат на врвот на нашите приоритети. Чаир заслужува повеќе. Со нашата решителност, со вашата поддршка и со јасната визија за иднината, заедно ќе го направиме тоа реалност“, го заврши своето обраќање Меџити.






