недела, 14 декември 2025

Меџити најави дека Бајрам Вардар, светски познат архитект, ќе го изработи планот за развој на Чаир

Светски познатиот архитект Бајрам Вардар ќе го изработи архитектонскиот мастер план за развој на Чаир, соопшти Изет Меџити од коалицијата Вреди.

Објавено на

часот

Сподели

На својот фејсбук профил, Изет Меџити го објави името на познатиот урбанист од Турција, кој ќе биде дел од потесниот круг на соработници кој веќе работи на новиот концепт за урбан развој на Општина Чаир.
Во видеото од разговорот со Меџити, Вардар вели: „Слично на Истанбул или Бурса, предизвиците и тука во Чаир се слични. Ние сме биле и во Барселона, и тој град претрпе реновирање. Ние ќе изработиме мастер план за Чаир, заедно со граѓаните и додатно ќе изработиме план за имплементација. Потоа ќе ги развиеме и столбовите на овој мастер план.”

Ескпертот Бајрам Вардар бил дел од тимот на Реџеп Таип Ердоган во периодот кога бил градоначалник на Истанбул, а бил главен урбанист на градот Бурса, со што директно влијаел врз урбаниот развој на овие два милионски градови.

Бајрам Вардар по потекло е албанец од Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ