недела, 21 декември 2025

Меџити: Конгресoт на ДУИ беше фарса и куклен театар

Денес видовме рециклирање стари имиња, кои конгресниот театар на ДУИ се обиде да ги претстави со ново пакување, нарекувајќи го реформа процесот на центрифугирање. Но, испрана облека не е нова облека, реагираше градоначалникот на Чаир и еден од лидерите на коалицијата Вреди Изет Меџити во објавата на својот фејсбук-профил.

Објавено на

часот

Сподели

„Конгресот на ДУИ беше театар, одржан по изборниот дебакл, во кој никој не беше повикан и од никого не беше побарана политичка одговорност. Наместо размислување, конгресниот театар делеше памфлети со ‘големи теми’, за да го прикрие неуспехот, но и уште полошо – да избегне дискусија за суштинското прашање: кој е одговорен за поразот на изборите“, реагираше Меџити.

„Во услови на контроверзен процес на делегирање делегати и без транспарентност за процесот на номинирање и кандидатирање, конгресот се претвори во фарса. Без вистинска отчетност и политичка одговорност, реформата е само про форма, додека конгресот е само куклен театар“, напиша на својот фејсбук-профил Изет Меџити.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ