„Треба да се има предвид дека неколку години, односно за време на овој мандат, коалицијата на ДУИ со Левица и со Данела функционираше. Не можам да кажам успешно, затоа што тоа е најлошото раководство што ја познава историјата на Скопје, но како коалиција тие функционираа, делеа власт таму, ги делеа директорите. Значи Апасиев, Данела и Ахмети функционираа досега“, изјави Меџити.
Тој додаде дека кандидирањето на кандидатите на Левица во албанските градови не е независен чин, туку дел од заедничко сценарио со ДУИ.
„Кандидирањето на кандидатите на Левица во албанските градови е во функција и во интерес на нивната соработка со ДУИ“, потенцираше Меџити.






