четврток, 18 декември 2025

Меџити: Ја напуштам Владата и се враќам меѓу народот

За Чаир, се согласив да ја напуштам Владата и да се вратам меѓу мојот народ. Верувам и сум сигурен дека го направив правилниот  избор, напиша вицепремиерот Изет Меџити на Фејсбук.

Објавено на

часот

Сподели

Коалицијата Вреди објави дека Изет Меџити е нивниот кандидат за градоначалник на Чаир. Актуелниот министер за животна средина и просторно планирање на социјалните мрежи се заблагодари за оваа доверба од претседателството на коалицијата.

„Претседателството е обврска што понизно ќе ја исполнам! За Чаир, се согласив да ја напуштам Владата и да се вратам меѓу мојот народ. Верувам и сум сигурен дека го направив правилниот  избор.

Затоа што луѓето од Чаир заслужуваат лидер кој бил, е и секогаш ќе биде меѓу нив, секогаш достапен да им понуди помош и поддршка. Победа. За Чаир.

Нека биде за наше добро!“, напиша Меџити на социјалната мрежа Фејсбук.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ