понеделник, 29 декември 2025

Меџити избра слоган, со „Само за тебе Чаир“ ќе се бори да стане градоначалник на општината

Со мотото „Само за тебе Чаир”, кандидатот за градоначалник за Општина Чаир на коалицијата Вреди, Изет Меџити ќе ја бара довербата на граѓаните на локалните избори закажани на 19 октомври. Меџити денеска беше во посета на основното училиште „Васил Главинов“ во Чаир, при што информираше дека кампањата за чистење и подготовка на основните училишта за почетокот на наставниот процес на 1 септември е завршена.

Објавено на

часот

Сподели

Како што посочуваат од неговиот тим, Меџити истакнал дека ова мото не е само изборен слоган, туку искрена посветеност којашто ја претставува неговата визија и работа во иднина како градоначалник на оваа општина.

По состанокот со Форумот на жени на Вреди, тој потсетил дека Чаир секогаш има дадено многу за општествените, политичките, образовните и културните
вредности на Албанците во земјава и пошироко.

Како што се наведува во соопштението, инспирацијата за мотото на кампањата произлегувала од песната „Само за тебе” на рок-бендот Талекс кој потекнува од Општина Чаир.

Меџити денеска беше во посета на основното училиште „Васил Главинов“ во Чаир, при што информираше дека кампањата за чистење и подготовка на основните училишта за почетокот на наставниот процес на 1 септември е завршена.

„Денес одблизу ги видов подготовките за почетокот на новата учебна година во Основното училиште „Васил Главинов„ во Чаир, со што ја заокруживме кампањата за генерално чистење на сите основни училишта во Општина Чаир. Со ова, училиштата се целосно подготвени да ги пречекаат учениците на 1 септември“, изјави Меџити.

Меџити нагласи дека една од најпозитивните карактеристики на ова училиште е тоа што тука учат ученици од сите етнички заедници кои живеат во Чаир, добар пример за соживот и меѓуетничка хармонија.

„Наша обврска е на учениците, кои за среќа се многубројни во Општина Чаир, каде што само бројот на првоодделенци е околу 1.000 деца, да им овозможиме што подобри услови за учење и развој“, додаде Меџити.

За време на оваа посета, Меџити исто така најави дека наскоро ќе го промовира концептот за настава во една смена, почнувајќи од Основното училиште „Конгреси и Манастирит“, од 1 септември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ