недела, 7 декември 2025
Локални избори 2025

Меџити: Интензивна изградба на булевари и паркинзи во Чаир

Чаир ќе биде модерна, уредена и функционална општина, каде што секојдневниот живот на граѓаните ќе биде полесен и поквалитетен. Најголемата инвестиција во историјата на Чаир ќе се реализира во областа на паркирањето, со конкретни проекти што ќе го олеснат животот на жителите, ветува кандидатот на владината коалиција Вреди за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити. Тој го претстави првиот основен столб на изборната програма, детален план за целосна модернизација на патната инфраструктура и конечното решавање на проблемот со паркирањето во општината Чаир.

Објавено на

часот

Сподели

„Во следните четири години, нашиот фокус ќе биде на капитални проекти што носат ред, безбедност и европски стандарди. Нема да има импровизации, туку системски решенија. Имаме владина одлука и отворена набавка за изградба на подземна гаража на две нивоа под плоштадот ‘Скендербег’, со капацитет од 800 возила и површина од над 12.500 метри квадратни. Ова ќе го ослободи централното јадро, ќе овозможи нормално функционирање и ќе ја зголеми вредноста на Чаршијата,“ изјави Меџити.

Според него, ќе се изградат и катни гаражи на пет клучни локации, кај комплексот „Чаирчанка“, во населбата „Саук Чешме“, во „Топанско поле“ (близу големиот паркинг), на булеварот „Никола Карев“ и кај салата „Партизан“.

Меџити најави широка офанзива за изградба и реконструкција на патишта, со цел Чаир да добие модерна и безбедна инфраструктура за пешаци, велосипедисти и возила.

Меѓу најзначајните проекти, според него, се проширувањето на улицата „Цветан Димов“ во булевар со шест ленти и велосипедски патеки, проширување на булеварот „Митхат Фрашери“, поврзувањето на улицата „Џон Кенеди“ со булеварот „Никола Карев“, што ќе создаде нов коридор за сообраќај, изградба на булеварите „Хрватска“ и „Црна Гора“ кои ќе го олеснат движењето од Автокоманда кон Сарај, како и изградба на кружен тек во Гази Баба, во близина на парк шумата Гази Баба, кај Природно-математичкиот факултет.

Меџити го претстави и планот за целосна реконструкција на улиците во неколку важни маала на општината.

Во Топаана се завршува улицата „Максут Садик“ и се продолжува со други проекти, во Стариот Чаир ќе се реконструираат улиците „Парашќеви Кирјази“, „Дервиш Хима“, „Емин Дураку“ и „Струмичка“; во Топанско поле ќе се реконструираат улиците „Ферид Мурати“, „Исмаил Ќемали“, „Мехмет Гега“ и „Методија Митевски“, како и целосна реконструкција на големиот паркинг со површина од 2.150 м²; додека во „Тенеке Маало“ ќе се изврши целосна реконструкција на улиците 1, 3, 5, 7, 9 и 20.

„Ќе воспоставиме ред и европски стандарди. Ќе има целосно ново јавно осветлување и подземни електрични инсталации во Стариот Чаир и Топанско Поле за поголема безбедност и модерен изглед. Ќе работиме на систематизација на еднонасочните улици,“ изјави Меџити.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ