Како што истакна Меџити, целта на конференцијата е да ги поттикне дијалогот и координацијата меѓу клучните актери: јавните институции, меѓународните партнери, научната заедница, индустријата, невладиниот сектор и граѓаните.
„Целта е јасна, да изградиме интегриран и одржлив пристап кон животната средина со кој таа ќе се третира како основа на националниот развој. Целиме да изградиме одржлив механизам за еколошко управување што ќе го мери напредокот, ќе ги идентификува празнините и ќе ги реформулира политиките за управување со природните ресурси“, потенцира министерот.
Конференцијата предвидува две панел дискусии, едната за заштита и управување со природни ресурси, а втората за одржливо управување со отпадот и транзиција кон циркуларна економија. Како што напомена Меџити, оваа конференција ќе се организира секоја година на 5 јуни, по повод Меѓународниот ден на животната средина.
Министерот Меџити по обраќањето ја прогласи за официјално почната и националната кампања „Одржлива иднина”.