„Не, ние не сме предавници – ние не го признаваме Дака Давидовиќ, не продадовме акции на српска банка, не донесовме српско-руски казина меѓу Албанците, не ги легализиравме брзите кредити на Милан Радоичиќ,“ порача Меџити, алудирајќи дека токму ДУИ стои зад овие процеси кои ја загрозуваат иднината на Албанците во Македонија.
„Дали ова е цената што требаше Албанците да ја платат за вие да станете сопственици во казино бизнисот на српското подземје? Дали ова е цената што требаше Албанците да ја платат за вие да станете акционери во српската банка? Албанците имале секакви лидери, не не се памети за лидери што тргуваат со националната кауза за бизнис интереси на Србија“, изјави Меџити.
На крајот, Меџити упати порака и за неговиот противкандидат во општина Чаир Бујар Османи, кого го нарече „докторот на Тик-Ток“.
„Не се добива почитта и поддршката на Чаир стоејќи поблиску до Зајас, а најмалку во Чаир, скокајќи од Скопската чаршија во Белград, од ‘лајв’ врски на Фејсбук до тајни вечери во Будимпешта,“ изјави Меџити, нагласувајќи дека Албанците во Чаир заслужуваат вистинска посветеност, а не политички маркетинг.






