среда, 18 март 2026

Меџити: Чаир се чисти за Рамазан Бајрам

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, синоќа беше присутен на почетокот на интензивната акција за чистење на јавните површини, која се реализира во рамки на подготовките за празникот Рамазан Бајрам.

Објавено на

часот

Сподели

Екипите на јавните претпријатија на Општина Чаир почнаа со целосно чистење на улиците, парковите, тротоарите и зоните околу контејнерите, со цел секој дел од Чаир да го одразува достоинството на овој празник, соопшти општината.
„Рамазан Бајрам е празник кој нè обединува и нè потсетува на најдобрите вредности како општество. Наша одговорност е граѓаните да го дочекаат овој ден во чиста, уредена и достоинствена средина,“ истакна градоначалникот Меџити.


Акцијата се реализира во соработка со јавните претпријатија „Комунална хигиена“, „Паркови и зеленило“, како и ДПД „Бајрам Мифтари“, со ангажман на сезонски работници на општината и користење на соодветна механизација за чистење и миење на улиците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ