четврток, 11 декември 2025

Меџити – Агелер: Соработка со САД за заштита на Охридското Езеро

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска остварил средба со амбасадорката на САД во Македонија, Ангела Агелер, на која, како што ианформираат, се дискутирало за техничка и научна соработка за заштита на Охридското Езеро, природно и културно богатство на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Целта на соработката, како што информираат од МЖСПП, е подобрување на квалитетот на водата, управување со рибниот фонд и развој на одржлив езерски туризам.

Во текот на 2024 година, двајца американски експерти спроведоа теренски посети и двонеделни средби во регионот на Охрид за да ја оценат актуелната состојба. Извештајот од таа посета содржи неколку конкретни препораки, меѓу кои: зајакнување на капацитетите на Хидробиолошкиот институт преку модернизација и поддршка на научниот кадар, создавање национална долгорочна програма за лимнолошки мониторинг и рибниот фонд, развој на заеднички прекуграничен план за управување со инкубаторите и заштита на охридската пастрмка, воспоставување механизми за рано откривање на инвазивни видови, како и развој на истражувачка програма за одржлив туризам и зајакнување на улогата на граѓанските организации.

Во рамки на денешниот состанок, како што информираат, учествувал и проф. Џејсон Стоквел, директор на Научната лабораторија за животна средина и природни ресурси при државниот универзитет во Вермонт, САД кој во наредните денови ќе престојува во Охрид, по што ќе ги претстави своите идеи за понатамошна соработка со Хидробиолошкиот институт – Охрид и другите релевантни иституции во земјата.

Меџити и Агелер, се наведува во соопштението, се согласиле дека заштитата на Охридското Езеро претставува национален и прекуграничен приоритет, а соработката со САД и меѓународните партнери ќе донесе неопходна експертиза за зачувување на ова уникатно природно и културно наследство.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ