Иако медицинските сестри континуирано и активно учествуваат во креирањето, спроведувањето и реализацијата на едукативни програми, превентивни активности и јавно-здравствени интервенции поврзани со намалување на пушењето и заштита на јавното здравје, нивното изоставување од ваква значајна расправа претставува сериозен пропуст.
Медицинските сестри се здравствени професионалци кои се во директен и секојдневен контакт со пациентите, нивните семејства и заедницата. Нивното практично искуство, стручно знаење и непосреден увид во реалните потреби и предизвици на терен се од суштинско значење при носење законски решенија што имаат директно влијание врз јавното здравје.
„Медицинските сестри се незаменлив дел од здравствениот систем и носители на превентивните и едукативните активности поврзани со намалување на пушењето. Нашата секојдневна работа со пациентите и заедницата ни овозможува јасен и реален увид во последиците од пушењето и во потребата од силни, применливи и одржливи законски решенија. Фактот што медицинските сестри не беа вклучени во јавната расправа за измените на Законот за пушење е загрижувачки и ја осиромашува јавната дебата. Без нашиот глас, искуство и стручност, не може да се говори за вистински инклузивен и мултидисциплинарен пристап во креирањето здравствени политики“, изјави м-р Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата на ЗМСТАС, предводена од ЗМСТАС „За нас“.
Исклучувањето на медицинските сестри од вакви значајни процеси не само што го намалува квалитетот на мултидисциплинарната дебата, туку испраќа и порака за недоволно препознавање на нивната улога во превенцијата, промоцијата на здравјето и здравственото воспитување.
Од Унијата на ЗМСТАС апелираат до надлежните институции и до професионалните здруженија во иднина да обезбедат транспарентен, инклузивен и одговорен пристап, преку навремено и суштинско вклучување на медицинските сестри во сите јавни расправи, нивно активно учество во работните групи за подготовка и измена на здравствени закони, како и почитување на принципот на мултидисциплинарен пристап во креирањето здравствени политики, со медицинските сестри како рамноправни партнери во процесот






