Ова е 23. стручен симпозиум на сестрите, од сите области, а втор симпозиум на медицинските сестри од превентивата. Медицинските сестри не може да ги застапуваат други профили во институциите каде што се носат одлуките. Најаголемиот проблем се договорите на дело.
„Нашите искуства и сознанија укажуваат дека во Регионот и во Европа, не задоволуваат никаде. Значи, мора да се води континуирана сметка за континуирани конкурси, а не да чекате со статус за договор на дело 2,3,4 години. Ова се провлекува со години и го нарушува достоинството на медицинките сестри. Овие големи настани на стручни симпозиуми говорат дека медицинските сестри се специјалисти во сопствените области“, рече Бешлиовска.
Македонските медицински сестри треба да имаат кариерен развој, да бидат дел од образовните процеси. Треба да имааат сопствена автономност каде треба да понесат сопствени одлуки. А за тоа, треба да имаат свој Закон, своја Комора, компетенции.
„Лекарската комора, не само што треба да ни даде поддршка апсолутна поддршка,туку треба да ни дозволи да сенеме институционално во комисиите и да седнеме таму каде што се носат одлуките за медицинските сестри“, нагласи Бешлиовска.
Професор Нико Пеќаровски од Универзитетската клиника за тксикологија од Скопје смета дека медицинските сестри беа, се и ќе бидат рбетот и носителите на здравствениот систем.
„За да не биде здравствениот систем парализиран, треба и медицинските сестри да си го добијат своето заслужено место, зашто главните извршители кои се грижат за пациентите се медицинските сестри. Со нивното, се враќа достоиството на лекарите. Здравствената професија е хумана, но не значи дека здравствените работници треба да бидат социјални случаи“, нагласи Пеќаровски на денешниот втор симпозиум во Прилеп на медицинските сестри од примарната здравствена заштита.
МИА






