понеделник, 8 декември 2025

Медицински тимови ќе доаѓаат и дома за да ги вакцинираат повозрасните и неподвижните граѓани

Министерството за здравство информира дека за вакцинација против сезонски грип се пријавени околу 60 илјади граѓани, а досега се вакцинирани над осум илјади граѓани. Вакцинацијата се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ државата, од кои пет се во Скопје. Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават преку апликацијата vakcinacija.mk или преку матичниот лекар.

Објавено на

часот

Сподели

Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население, како што се граѓани над 65 години, граѓани со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години, како и граѓаните сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во овие установи.

„Во организација на Министерството, превентивни тимови од здравствени установи низ државата започнаа со вакцинација против сезонски грип и во домашни услови, на повозрасни и неподвижни лица, како и лица со попреченост“, информираа од Министерството за здравство.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ