вторник, 31 март 2026

Мечка слегла на средe паркинг во Ростуше (ВИДЕО)

Кафеава мечка видена е на паркинг простор во Ростуше, каде се гледа дека има и присуство на кучиња. Според надлежните ова е прв ваков случај во последните месеци, за разлика од претходно кога мечки беа забележани во неколку села, дури и во дворови на куќи.

Објавено на

часот

Сподели

„Досега нема пријава на штета предизвикана од мечки. Како и претходно и за  последниот случај ги презедовме сите законски мерки. Веќе ги имаме информирано соодветните министерства –  за земјоделство, шумарство и водостопанство, за животна средина како и за внатрешни работи“, изјави за МИА, Харис Ибраими, дректор на Националниот парк (НП)  „Маврово“.

Додаде дека на територијата на  НП „Маврово“ има над 180 мечки, и оти се преземаат сите мерки согласно со европските законски регулативи.

Не ретко мечки, заедно со мали мечиња можеа да се видат и на регионалниот пат Маврово –Дебар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ