понеделник, 15 декември 2025

МД „Илинден“- Тирана со осуда на бришењето на македонскот јазик и идентитет во извештајот на ЕП

Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро ја осудува најавата на бугарската држава дека во извештајот за напредокот на Македонија на Европскиот парламент (ЕП) македонскиот јазик и идентитет ќе бидат целосно избришани.

Објавено на

часот

Сподели

„Вековните македонски јазик и македонски идентитет претходно се споменуваа на неколку места во извештајот на Вајц, кој беше изгласан со мнозинство гласови од претставниците на европските држави во Комитетот за надворешни прашања на ЕУ“, се вели во реакцијата, потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.

Се додава дека по изгласувањето на експертскиот извештај ” започна бугарска офанзива меѓу претставниците на државите од ЕУ, со барање целосно да бидат избришани овие термини”.

Се посочува дека Македонците од Република Албанија најостро го осудуваат ставот на бугарската држава и нејзината провокација со која повторно се пласира една небулозна теза, дека не постојат македонскиот јазик и македонскиот идентитет.

„Македонското друштво ‘Илинден’-Тирана не се сомнева во злоупотребата на Софија на нејзиното членство во ЕУ за пласирање на нејзините дискриминаторски и расистички барања за непостоење на македонскиот јазик и македонскиот идентитет“, се нагласува во реакцијата.

Го потсетуваме бугарското раководство, се нагласува во реакцијата,  дека “македонскиот јазик и македонскиот идентитет се историски факт и дека нам, како Македонци, не ни треба одобрение од други држави за да се изјасниме што сме и кои сме”.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ