недела, 28 декември 2025

МД Илинден-Тирана со чeститка до новиот поглавар на Албанската православна црква

Македонското друштво „Илинден“- Тирана денеска упати честика до неговото блаженство архиепископ Јован, по повод изборот за поглавар на Албанската автокефална православна црква.

Објавено на

часот

Сподели

„Од мое лично име, во името на друштвото, како и од македонското национално малцинство кое живее во Република Албанија, упатуваме честитки за вашиот достоен избор за архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија“, пишува во честиката потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.

Се додава дека во речиси тридеценискиот период, како митрополит на корчарската митрополија, ги почитувал сите верници и бил почитуван од сите нив и му се посакува „долга и одлична служба како првосвештеник“.

„Под Ваше раководство, автокефалната православна црква на Албанија ќе продолжи да биде силен столб на верата, мирот и духовните вредности за верниците и за целото албанско општество. Ви честитаме од сè срце, стоиме со голема почит и љубов во Бога, посакувајќи ви долга и одлична служба како првосвештеник“, се посакува во честитката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ