недела, 21 декември 2025

МД „Илинден“ Тирана: Негувањето на мајчиниот јазик значи и јакнење и зачувување на националниот и културен идентитет

Македонско друштво „Илинден“ – Тирана по повод 26 септември, Денот на европските јазици, упати честитка, оценувајќи дека јазичната разновидност е важен дел од богатото наследство на европскиот континент.

Објавено на

часот

Сподели

„Честитајќи го денешниот ден, сакаме да го истакнеме значењето на образованието на мајчиниот јазик, бидејќи тоа е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ. Знаењето и негувањето на мајчиниот јазик за децата значи и јакнење и зачувување на националниот и културен идентитет“, стои во честитката.

Се додава дека важноста на јазичната разновидност и повеќејазичност е нагласена на Европскиот ден на јазиците, кој секоја година се слави од 2002 година, со разни активности на 26 септември, по иницијатива на Советот на Европа.

„Пораката на Советот на Европа до сите Европејци е да научат повеќе јазици на која било возраст, во училиште или надвор од него. Порачуваме дека јазичната разновидност е алатка за стекнување поголемо меѓукултурно разбирање и важен дел од богатото наследство на европскиот континент, ја охрабрува повеќејазичноста низ цела Европа“, се посочува во честитката, потпишана од Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ