„Најостро ја осудуваме злоупотребата на Софија која со децении пласира дискриминаторски и расистички барања за непостоење на македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Отстранувањето на македонскиот идентитет и јазик од извештајот на Европскиот парламент за Македонија испраќа опасна порака дека идентитетот е предмет на преговори за пристапување во ЕУ“, стои во реакцијата на друштвото.
Се оценува дека тоа ја „легитимира злоупотребата на Бугарија за вршење притисок врз држава-кандидат и сигнализира толеранција кон политиките што ги кршат основните европски вредности“.
„Македонско друштво ‘Илинден’-Тирана го потсетува бугарското раководство дека македонскиот јазик и македонскиот идентитет се истарски факт и дека нам, како Македонци, не ни треба одобрение од други држави за да се изјасниме што сме и кои сме“, порачуваат oд друштвото.






