понеделник, 8 декември 2025

МД “Илинден” доби верски календари од МПЦ-ОА за Македонците во Албанија

Македонското друштво „Илинден”-Тирана доби верски календари за 2026 лето Господово, кои бесплатно ќе бидат распределени на Македонците во Република Албанија, информираше Никола Ѓурѓај претседател на друштвото.

Објавено на

часот

Сподели

Во име на друштвото и на Македонците тој искажува голема благодарност до Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и архиепископот г.г. Стефан што и годинава доделува одреден број верски календари за кои постои се поголем интерес меѓу Македонците.

„Како друштво, повеќе години на ред, добиваме бесплатни верски календари од МПЦ-ОА, кои потоа им се распределуваат на Македонци во Албанија. Од мое лично име, од име на друштвото и на Македонците искажувам голема благодарност за МПЦ – ОА на поглаварот г.г. Стефан за покажаната добра волја да им подари на Македонците од Албанија дел од своите верски календари“, рече Ѓурѓај за МИА.

Вели дека интересот меѓу Македонците од година во година е се поголем и посочува дека календарите веќе се достапни а за да се добијат треба само да се контактира со друштвото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ