Од Јавното обвинителство денеска соопштија дека обвинетиот 43-годишник, во прецизно неутврден момент меѓу 20 јануари 2025 и 22 јануари 2025 година, при вршење семејно насилство ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка.
„Делото го извршил во станот во кој престојувала оштетената на улицата Ѓуро Салај во Кавадарци. Обдукцијата покажа дека тој свесен за своето дело, насилно и ги затворил носот и устата, предизвикувајќи задушување“, се појаснува во соопштението.
Јавниот обвинител до Судот доставил предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.