недела, 7 декември 2025
ОЈО Скопје отвори истрага

Маж со две жени тргнал во мотел во Скопје, го убедиле да сменат локација, па добил ќотек и го ограбиле

Истрага против четири лица, двајца мажи и две жени – поведе Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, бидејќи четворицата, дејствувајќи во група и со употреба на сила, одзеле 200 илјади денари од едно лице.

Објавено на

часот

Сподели

На 30 октомври оштетениот, заедно со една од осомничените жени, отишол во мотел во Скопје, по што таа му предложила да повика уште една девојка. Оштетениот се согласил, па осомничената ја повикала другата жена, по што двете заедно го убедиле оштетениот да одат во „поубав и поевтин хотел“.

Излегувајќи од собата, во темниот двор на мотелот ги пресретнале двајцата мажи, кои биле во договор со жените, и заедно се нафрлиле на оштетениот. Го удирале со боксови по главата и телото додека не паднал на земја, а од џебовите му ги одзеле парите, мобилниот телефон и личната карта.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за сите четворица осомничени, поради опасност од бегство и можност да го повторат делото.

За една од осомничените жени, која е во бегство откако го извршила делото, притворот ќе започне да се применува од нејзиното пронаоѓање и лишување од слобода.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ