„Осомничениот 53-годишник на 11 ноември извршил насилство врз 12-годишно дете. Додека детето се движело со велосипед по булеварот ‘Крсте Мисирков“’, осомничениот го пресретнал со електричен мотор и без повод и причина агресивно го нападнал со тупаници и клоци во пределот на лицето и телото. Во еден момент извадил и нож со кој замавнал кон детето, а потоа со дршката го удрил по главата“, соопшти ОЈО.
Детето, се посочува во соопштението, успеало да се оттргне и да побара помош од случајни минувачи.
„Осомничениот го зел велосипедот од оштетеното дете, му ги исекол двете гуми и го фрлил кон булеварот со намера да го оштетат возилата кои поминувале. Потоа со моторот го напуштил местото на настанот, додека пак оштетеното дете било пренесено во Ургентниот центар“, се прецизира во соопштението.






