петок, 30 јануари 2026

Матичните гинеколози бараат нови клинички упатства и ревидирање на договорот со ФЗО

Oд Министерството за здравство и од Фондот за здравствено оигурување (ФЗО) бараме да се изготват клинички упатства (кои меѓу другото ќе значат и системско подигнување на стандардот за пружање примарна здравствена заштита на ниво до европскиот) и да се ревидирање на постоечкиот договор со имплементација на сет на услуги според упатствата од Министерството за здравство, изјавија денеска претставници на Здружението на приватни гинеколози и акушери на Македонија.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Нашата цел е воспоставување на јасен, транспарентен и одржлив систем во интерес на пациентите и примарното здравство воопшто, поради што остануваме на барањето за итно отворање на дијалог за ревидирање на договорот со јасно дефинирање на здравствените услуги во интерес на женското здравје“, велат од Здружението на приватни гинеколози и акушери на Македонија.

Тие денека реагираа на актуелните состојби поврзани со формалниот статус на давање на здравствени услуги во нивните приватни здравствени установи и можностите за користење на овие здравствени услуги од пациентите.

„Матичните гинеколози со години го одржуваат системот на примарна гинеколошка и акушерска заштита врз основа на договор со Фондот за здравствено осигурување од пред 20 години и не содржи јасно и прецизно дефинирани услуги кои се покриени од Фондот. Овој договор не е во склад и со техничко технолошкиот и научен прогрес. Видот на услуги кои пациентката треба да ги добие во примарната здравствена заштита произлегуваат од упатствата кои ги изготвува Министерство за здравство врз основа на научни стандарди и нормативи наречени медицина базирана на докази. Јасно дефинираните здравствени услуги кои треба да им се обезбедат на пациентките во примарната здравствена заштита овозможува и јасно дефинирање на услугите опфатени со капитацијата (за која пациентките плаќаат здравствено осигурување) и отстранување на сите дилеми како кај здравствените работници, така и кај пациентките како приматели на тие услуги. Актуелно постојат упатства за антенатална заштита кои се формално објавени во Службен весник на Република Македонија, а кои во пружањето на примарна здравствена заштита од низа причини тешко се спроведуваат (недефинирани стандарди за број на потребни прегледи, индикација за прегледите, прегледи на барање на пациентка, медиумска промоција на бесплатни прегледи кај матичните гинеколози…).

Оваа правна и договорна нејаснотија со години создава различни толкувања и неправедно ја става одговорноста врз лекарите кои работат согласно постоечкиот договор и во интерес на здравјето на пациентките. Со оглед на сѐ подлабоката криза и состојби во кои ниту ние давателите на здравствени услуги, ни нашите пациентки имаме јасна слика за правата и обврските испративме барање до двете партнерски институции – Министерство за здравство, преку своите надлежности да доизготви Клинички упатства (кои меѓу другото ќе значат и системско подигнување на стандардот за пружање примарна здравствена заштита на ниво до европскиот) и до Фондот за здравствено осигурување за ревидирање на постоечкиот договор со имплементација на сет на услуги според упатствата од Министерство за здравство“, велат од Здружение на матични гинеколози и акушери на Македонија.

Ако на овие барања не е одговори со конкретни мерки, велат тие, ќе бидеме приморани во согласност со Уставот на Република Македонија да ги искористиме сите дозволени форми на јавно изразување незадоволство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ